Останува уште помалку од една недела до празникот на жената, 8ми март, па така, во секоја година се актуелизира прашањето за подароци.
Група социолози направи истражување околу тоа кои се најпопуларните подароци за 8ми март и дојде до заклучок дека 70% од жените би сакале букет цвеќе. Истиот процент од мажите го подарува букетот.
Парфемите и козметичките средства се на второ место по популарност. Омилената тоалетна вода во улога на празничен подарок ја посакуваат 26% од жените, а 27% од мажите подаруваат ваков тип на подарок за 8ми март.

На трето место по популарност е накитот, но значително помал дел од мажите го подаруваат накит за овој празник. Жените сакаат и слатки нешта, вклучувајќи ги и бонбониерите, тортите, чоколадите. Машките испитаници над 60 години често поклонуваат на жените такви подароци.

Девојките на возраст од 25 до 34 години би сакале секси долна облека за подарок, а оние до 24 години би се израдувале на кадифено мече-играчка.
Апаратите за домаќинство се најнепопуларни подароци, па мажите треба да земат во предвид при изборот на поклон за своите сакани дами за 8ми март.