Почетна ЕкономијаЛидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје

Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје

од nenad
1 минути читај за

Во Скопје, во текот на понеделник и вторник, ќе се одржи самит на лидери од ЕУ и Западен Балкан, посветен на Стратегијата за развој, на кој ќе биде присутна и еврокомесарката за проширување, Марта Кос.

Од кабинетот за односи со јавноста на Владата денес известија дека во понеделник ќе се реализира средба лице в лице помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и еврокомесарката Кос, по што ќе се одржи и билатерална средба со зголемени делегации.

Во вторник ќе бидат организирани два панели, од кои првиот ќе биде насочен кон Планот за раст на Западен Балкан. На овој панел, обраќање ќе имаат премиерот Мицкоски и еврокомесарката за проширување, Марта Кос, а потоа ќе следи заедничка прес-конференција.

Вториот панел ќе биде посветен на специфичните начини и помош за имплементација на Планот за раст, и на него ќе земат учество министри, претставници од Европската Унија, регионални организации и меѓународни партнери.

Европската комисија вчера објави дека еврокомесарката за проширување доаѓа во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан за Планот за раст и дека, покрај премиерот Мицкоски, „на средбата ќе присуствуваат и лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора“.

бак/Фото: МИА архива .
Извор: МИА