Денешните родители воспитуваат ментално слаби деца
Модерното време во кое живееме ни нуди многу погодности и олеснувања, но модерниот начин на воспитување деца има свои маани.
Имено, денешните родители воспитуваат ментално слаби деца. Еве како да го спречите тоа и да воспитате силни деца…
Експертите откриваат дека воспитуваме ментално слаби деца затоа што правиме премногу работи наместо нив.
Поврзани објави
„Ако правите премногу работи наместо децата, си ја зголемувате својата самодоверба така што ја крадете нивната!“
Менталната сила се развива со решавање проблеми. Ако вашето дете заборави да си ја понесе домашната задача, немојте да му ја носите вие, ако не облече јакна кога е ладно иако сте му кажале да облече, нека се смрзне.
Кога на детето му е здодевно, наместо да му помагате да се ослободи од досадата, само прашајте го што ќе направи во врска со тоа. Оставете го да научи да ги решава сопствените проблеми. Тоа е многу подобро и поздраво отколку да правите сè за децата.