Почетна Убавина и здравјеПејачката се оперираше од рак на дојка, ги очекува резултатите – Убавина и здравје

Пејачката се оперираше од рак на дојка, ги очекува резултатите – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Џеси Џеј (37) неодамна откри дека го доживеала најлошиот ден во својот живот откако се соочила со дијагнозата рак на дојка.

Сега, Џеси на својот инстаграм-профил објави неколку фотографии и видеа од болница. Таа сподели со своите следбеници како поминала операцијата и дека нејзиниот сопруг Чанан е голема поддршка.

 


Поврзани објави

„Оваа објава содржи некои од искрените подеми и падови од последните 48 часа. Секогаш ќе ги покажувам добрите и тешките делови од секое патување низ кое минувам. Благодарна сум на мојот лекар/хирург и на сите медицински сестри кои се грижеа за мене и на моето семејство и пријатели кои дојдоа да ме посетат. Сега сум дома, ќе се одморам и ќе ги чекам резултатите“, напишала таа покрај објавата.

Да потсетиме, на 15 јуни за време на нејзиниот настап на фестивалот „Capital’s Summertime Ball“ во Вембли Арена, Џеси откри дека тоа ѝ е последниот настап пред да започне со борбата против ракот.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин