Претходниот премиер Никола Груевски изрази сочувство до најблиските на Љупчо Јакимовски, поранешен директор на МРТ и МИА, но и истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ на неговата Фејсбук станица.
– Тивок, мирен, скромен, ненаметлив, стабилен, цврст карактер, аналитичен, со мудри и промислени одлуки, лојален на тие со кои соработува и пред се човек. Имаше јасна идеолошка профилација, беше голем македонски патриот, пратеник уште во првиот состав на парламентот, директор, партиски активист и функционер од самите почетоци, пријател и горд Македонец. Таков човек беше Љупчо Јакимовски и како таков ќе го паметам.
Благодарам. Нека почива во мир! – напиша Груевски на Фејсбук.
