10
На покана на Амбасада на Република Србија во Република Северна Македонија, претставници од Општина Куманово присуствуваа на поздравен коктел, вечерва во Скопје, по повод завршувањето на мандатот на амбасадорката Н.Е. Невена Јовановиќ. На прошталната средба беа нагласени добрососедските односи меѓу двете земји и заложбите на досегашната амбасадорка за продлабочување на соработката, пријателството и меѓусебната поддршка.На настанот присуствуваа високи претставници од државните институции и дипломатскиот кор во земјава.