Карлеуша изјави дека останува гласна и храбра…
Пејачката Јелена Карлеуша успеа повторно да го активира својот Instagram профил, кој беше деактивиран пред неколку дена.
Веднаш по враќањето, таа објави фотографии од гостувањето на подкастот кај Боки 13 во Македонија, со кратка порака „Hello“ на англиски јазик, означувајќи дека е повторно активна.
Поврзани објави
Во разговорот, Јелена објасни дека не се нарушени правилата на Instagram, ниту било поради петиции – туку станувало збор за нешто многу поголемо. Според неа, наводно причина била нејзината јавна поддршка за српскиот претседател .
Карлеуша изјави дека останува гласна и храбра и оти ќе зборува за своите ставови, без оглед на сите пречки. По ова, многумина ја поздравија нејзината храброст и отвореност.
printskrin Youtube-hype tv