Виктор Осимен, нигериската ѕвезда на Наполи со 19 голови во Серија А, пофали македонски „дијамант“ Елиф Елмас, откако тој доби наградата за најдобар странски фудбалер во изборот на странските медиуми.
На доделувањето на наградата, Осимен изјави дека Елмас показал дека е голем човек. Тој инициративно ги стави дресовите на Наполи на аукција за да се соберат пари за помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во југоисточна Турција пред еден месец.
„Елмас е многу добро момче, голем човек. И тоа што го направи е – извонредно. Само влезе во соблекувалната и разговаравме за ситуацијата во Турција, а тој се понуди да помогне. Елид играше во Турција и сите ние веднаш ја прифативме идејата, веднаш дадовме поддршка. Навистина направи добра работа. Би сакал и сега да им изразам сочувство на сите кои ги загубија најблиските во катастрофата, моите мисли се со нив“, рече Осимен.
Извор: sport1.mk
