Емоции, солзи и тишина – ќерката на холивудската легенда го отвори срцето пред светот
Румер Вилис, ќерката на славниот актер Брус Вилис, на својот инстаграм-профил сподели емотивна порака што ги растажи обожавателите низ целиот свет. По повод Денот на татковците, таа откри интимни детали за тешката реалност што нејзиното семејство ја живее – борбата со суровата дијагноза: фронтотемпорална деменција.
Денес е тежок ден. Чувствувам болка во градите затоа што толку многу сакам да разговарам со тебе, да ти раскажам сè што ми се случува во животот. Сакам да те гушнам, да те прашам за животот, за твоите приказни, битки и победи…“, напиша Румер во својата потресна објава.
Сакам да те прашав уште многу нешта додека можеше да ми одговориш. Но знам, не би сакал да сум тажна денес. Затоа ќе се обидам да бидам благодарна. Благодарна што ти си токму мој татко. И што сѐ уште си тука…“ – продолжува таа.
„Очите му светат кога ја гледа мојата ќерка“ – трогателен момент меѓу генерации
Поврзани објави
Румер опишува и како нејзиниот татко сè уште се топи кога ќе ја види неговата внучка, малата Луета, ќерка на Румер со нејзиниот поранешен партнер Дерек Томас.
Сè уште можам да те гушнам, да те бакнам во образ, да те погалам по глава и да ти раскажувам приказни… Благодарна сум за секој момент што го имам со тебе. Те сакам, тато. Среќен Ден на татковците.“
Херој и татко, иако отсутен
Брус Вилис (70), ѕвездата на „Умри машки“ и многу други култни филмови, се повлече од јавниот живот во 2022 година по дијагнозата афазија, а една година подоцна семејството објави дека страда од фронтотемпорална деменција – болест што длабоко влијае на говорот, меморијата и однесувањето.
Румер не ја заборави ниту болката на сите други:
Испраќам љубов до сите кои се во иста ситуација како мене, кои ги загубиле своите татковци, до самохраните мајки кои се и татковци, и до идниот татко на моите деца…“.
Фото: Инстаграм