Пејачот, кој се повлече од јавниот живот, сега има девојка која го споделува неговиот духовен пат.
Познатиот пејач Милан Станковиќ последните години живее повлечено, далеку од јавноста и медиумите. Наместо на музичката сцена, тој сè повеќе време поминува во тишината на манастирите, посветен на верата и духовноста, како во Србија, така и надвор од нејзините граници.
Поради овој начин на живот, Милан ретко се појавува во јавноста и речиси не е активен на социјалните мрежи, што само ја буди љубопитноста за неговиот приватен живот.
Милан е вистински заљубен и среќен што ја пронашол девојката која го разбира во целост. Од првиот момент „кликнале“ и одлично се согласуваат. Не ѝ пречи што редовно посетува свети места и наскоро планира и таа да го следи на патувањата“ – изјави близок извор за медиумите.
Поврзани објави
Девојката сака да го задржи својот мирен живот и не сака јавноста да дознае за неа. За сега, сè помеѓу нив е совршено, а наскоро планираат да живеат заедно.
И покрај тоа што Милан и неговата поранешна девојка Рада Манојловиќ останале во коректни односи по раскинувањето, многумина се изненадени што Рада не била информирана за новата врска.
Не знам ништо за тоа. Не ми кажа дека има девојка“ – кратко изјави Рада за медиумите.
printskrin Youtube-blic tv rada