Почетна ЕкономијаСловачка би можела да стави забрана на претстојниот пакет санкции на ЕУ против Русија

Словачка би можела да стави забрана на претстојниот пакет санкции на ЕУ против Русија

од nenad
1 минути читај за

Словачка би можела да стави забрана на претстојниот пакет санкции на ЕУ против Русија, доколку Европската комисија не изнајде одговор за енергетската криза со која се судира државата, опомена премиерот Роберт Фицо, пренесува ДПА.

„Република Словачка нема да го поддржи предвидениот 18-ти пакет санкции против Руската Федерација доколку не добиеме реално решение за ситуацијата што ќе настане по целосниот прекин на снабдувањето со гас, нафта и нуклеарно гориво од Русија“, напиша Фицо на Фејсбук.

Словачка, членка на ЕУ и НАТО, е во голема мера зависна од руската енергија. Намалувањето на протокот на гас преку Украина доведе до несогласувања со Киев и ја зголеми загриженоста во Братислава за идната безбедност на снабдувањето.

Во текот на минатата недела, словачкиот парламент, со тесно мнозинство, усвои необврзувачка резолуција со која се бара од владата да се спротивстави на санкции кои ја оштетуваат државната економија.

Фицо, кој е левичарски националист, честопати ги критикуваше санкциите, наведувајќи дека и нанесуваат поголема штета на Словачка отколку на Русија. Сепак, за разлика од унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фицо и неговата влада досега ги поддржуваа сите санкции.

Словачка, заедно со Унгарија и привремено и Чешка, доби ослободување од забраната за увоз на руска нафта, со цел да развие алтернативни начини за снабдување. ссм/фото: архива. Извор: МИА