Долгите летни денови на топло, суво и влажно време влијаат поинаку врз нашата кожа од постудените и потемните зимски денови. Според дерматолозите, за време на летото, шминката треба да биде лесна и сведена на минимум. Важно е да запомните дека секоja кожа е различна и заслужува прилагодена нега. Започнете го секое летно утро со овие со овие 5 едноставни чекори за блескава кожа – пред првата чаша вода со лимон и ѓумбир или овошниот шејк!
- Чистење на лице
Свежа и негувана кожа започнува со чистење на лицето. Главната рутина на темелно чистење на лицето нека ви биде навечер, а наутро доволно е да го измиете лицето со гел, пена или мицеларна вода. Можете да користите производи од алое вера, бидејќи ензимите кои ги содржи помагаат во намалување на воспаленијата.
- Серум за лице богат со антиоксиданси
По темелното чистење на лицето, нанесете серум за лице богат со антиоксиданси кои се борат против УВ-зраците и ја хидрираат вашата исушена кожа. Витамините А, Ц и Е се антиоксиданси кои го оспоруваат процесот на стареење и ја зацврстуваат кожата.
- Заштитен СПФ фактор
80% од стареењето на кожата е предизвикано од изложувањето на сонце. Поради тоа, не е препорачливо да го изложувате вашето лице на сонце без да нанесете минимум Sundance крема со 30 СПФ заштитен фактор. СПФ факторот треба да обезбедува силна заштита од УВ зраците и сината светлина, и да ја негува и хидрира вашата кожа.
- Користете лесна пудра или бронзер
Доколку сè уште не сте биле на одмор и на плажа, нанесете на вашето лице лесната alverde NATURKOSMETIK камена матирачка пудра со органски состојки. Ако сте веќе со потемнета кожа, одберете светкав хајлајтер кој ќе даде нов сјај и блескавост на вашето лице.
Заштитете ги и вашите усни со користење на соодветен хидрирачки балсам кој ќе го спречи сушењето и пукањето на усните од сонцето и ветрот.
Доколку се двоумите кои производи да ги вклучите во вашата утринска beauty рутина, слободно посетете ги dm дрогериите низ Македонија. Секој вторник и четврток од 16:00-19:00 во dm дрогериите Diamond Mall, K Mall, Куманово и Битола можете да добиете и персонализирани совети и одредување на тип на кожа. Негувајте го вашето лице, насмевнете се и уживајте во сончевите денови!