Пејачот демантираше гласини за својата смрт и најави нова турнеја
На социјалните мрежи се појави лажна вест за смртта на познатиот пејач Мирослав Илиќ, што предизвика вознемиреност кај јавноста и неговото семејство.
Илиќ се огласи преку социјалните мрежи, демантирајќи ги гласините и изјави:
Драги мои верни фанови, знам дека не се огласувам често, но овојпат морам да ги демантирам таблоидните наслови. Наслови како ‘Умре Мирослав Илиќ’ не се само неточни, туку и бездушни. Да разјасниме веднаш, жив сум, здрав сум и најважно – сè уште пеам.“
Поврзани објави
Пејачот додаде дека знае од каде доаѓаат ваквите гласини и најави голема турнеја со својата екипа.
Илиќ исто така спомена дека веќе има купено гробница за себе и сопругата, но дека Алејата на великани ќе почека на него.
printskrin Youtube-una tv miroslav ilic