Почетна Убавина и здравјеЗдравко Чолиќ во придружба на симфониски оркестар со спектакуларен концерт во Скопје – Убавина и здравје

Здравко Чолиќ во придружба на симфониски оркестар со спектакуларен концерт во Скопје – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Легендарниот Здравко Чолиќ по шест години се врати во Скопје и вечерва го одржува првиот од трите концерти во спортската сала Борис Трајковски, и тоа за прв пат во придружба на симфониски оркестар.


Поврзани објави

Една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња на нашите простори, пристигна со дури 50 врвни музичари, новосадскиот Биг бенд и оперскиот оркестар на СНП од Нови Сад. Со оваа ексклузивната концертна програма која во рекордно време ги распродаде арените ширум регионот, конечно и македонската публика има можност да ужива во специјално избраниот репертоар и исклучителните аранжмани на диригентот Федор Вртачник.
Поради форматот на овој концерт, арената „Борис Трајковски“ на 02, 03 и 04 јуни ќе биде исполнета исклучиво со места за седење. Билетите се одамна распродадени. На публиката и преостанува само да ужива во перформансот.

 

Фото: Горан Десковски