Венди ги нападна Зорица и Кемиш: „Свадба по 40 години? Сулудо е тоа!“
Зорица Брунцлик и Мирољуб Кемиш планираат голема свадбена прослава на 29 јуни 2025 година, на денот кога Зорица ќе го прослави својот 70-ти роденден. Планираат да соберат бројни пријатели и колеги од естрадата на ова гала славје.
Меѓутоа, нивната одлука наиде на критики од страна на пејачката Веси Вукелиќ Венди, која ја смета оваа свадба за „смешна и непотребна“. Таа изјави дека по 40 години брак, ваква прослава е „срамна и несоодветна“.
Поврзани објави
Венди истакна дека вакви настани се непотребни и дека парот треба да се фокусира на други аспекти од животот. Таа додаде дека не планира да присуствува на свадбата и дека не ја поддржува оваа одлука.
Зорица и Кемиш засега не се огласиле по повод критиките, но нивната свадбена прослава останува закажана, а јавноста со нетрпение очекува да види како ќе се одвива овој настан.
printskrin Youtube-blic