Почетна Убавина и здравјеВоди љубов со свршеникот 5 пати дневно, но само под ЕДЕН услов – Убавина и здравје

Води љубов со свршеникот 5 пати дневно, но само под ЕДЕН услов – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Бразилската манекенка Изабел Гулар со години ја интригира јавноста со својата фантастична линија, за што заслужни се исхраната, тренингот и љубовните игри

Изабел Гулар, познатата 40-годишна бразилска манекенка, важи за една од најзгодните жени на светот. А оваа година во Кан била меѓу најдобро облечените дами. На црвениот килим заблескала во фустан кој претставува комбинација на црн плиш и гламурозен горен дел во нијанса на старо злато.

Фустанот ги разоткрива грбот и стомакот, но дизајнерите точно ја знаеле вистинската мерка. Провокативната тоалета не ги руши границите на елеганцијата, ниту модното правило што го најави Канскиот фестивал, а кое, сепак, не го почитуваат сите.

Оваа убавица со години ја интригира јавноста со својата фантастична линија, а еве која исхрана е заслужна за тоа.

Познатата Бразилка обожава здрави сокови. Применува 15 рецепти, а за приготвување шејкови, покрај овошје и зеленчук (листест зеленчук) користи и дополнителни протеини и житарки. По тренинзите пие протеински шејкови, а се знае дека тие се најдобрата ужина по вежбање. Изабел одбегнува ригорозни диети. Се обидува да се храни здраво и обожава да готви, а приготвува исклучиво јадења со малку намирници, бидејќи сака нејзината исхрана да биде што поедноставна.

Таа, исто така, напорно тренира, а претпочита да комбинира повеќе типови тренинг, како пилатес, кикбокс, јога, трчање, вежби за стомачни мускули и тренинг за сила. Големо внимание им посветува на вежбите за зајакнување на стомачните мускули, што е очигледно, но и на тренингот за целото тело.


Поврзани објави

Во 2005 година потпишала договор со модната куќа Victoria’s Secret, а пред 11 години започнала соработка со брендот Sports Illustrated. Многу е ангажирана во борбата против дијабетес, од што боледува нејзиниот брат.

Инаку, свршена е за германскиот голман Кевин Трап. Тие привлекуваат големо внимание како двојка, а во една пригода, таа открила прилично интимни детали од нивната врска:

„Водиме љубов четири до пет пати дневно. Но ако неговиот тим изгуби натпревар, тогаш нема односи. Дури ни високите потпетици и секси долната облека не можат да ми помогнат по пораз. Од друга страна, ако победи, тогаш не спиеме таа ноќ и имаме односи до изутрина.“

ФОТО: Инстаграм