Инженерската институција на Македонија денес во Скопје ќе го прослави Денот на македонските инженери, настан кој за прв пат се реализира по повод одбележувањето на 105 години од основањето на првата македонска асоцијација на инженери на 21 март 1920 година.
Како дел од прославата, премиерно ќе бидат врачени признанија за најангажирано здружение на Инженерската институција на Македонија и за млад инженер на годината.
На церемонијата, на која според информациите ќе говорат претседателката на Инженерската институција на Македонија проф. д-р Христина Спасевска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, ќе се заокружи со панел дискусија на тема „Македонското инженерство во пресрет на индустријата 5,0“.
вј/лв/Фото: Инженерска институција на Македонија .