Овој сочен колач со јагоди е идеален како ужина во која сите ќе уживаат – од најмладиот до најстариот член на семејството
Состојки:
- 3 јајца
- 1 чаша (од 200 мл) шеќер
- 1 чаша јогурт
- 1 чаша масло
- 2 чаши брашно
- 1 кесичка прашок за печиво
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 250 г јагоди
- 250 г микс од шумско овошје (рибизли, малини, капини)
Приготвување:
Поврзани објави
Прво, вклучете ја рерната на 200 степени. Во подлабока чинија сипете шеќер, ванилин шеќер и јајца. Добро изматете со миксер неколку минути додека добиете убава, густа и воздушеста смеса. Додајте масло и повторно изматете малку со миксер. Полека додавајте ги преостанатите состојки: брашно, јогурт, прашок за печиво, додека непрекинато матите.
Во подлабока тепсија со средна големина, добро намрсена и набрашнета, сипете ја смесата и печете ја во загреана рерна 35-40 минути, додека добие убава темна боја на врвот и по рабовите. Проверете со чепкалка дали е добро испечена.
ФОТО: Takuya Nagaoka / Unsplash