Пејачката Теа Таировиќ приреди вистинска музичка фешта во Загреб, а публиката ја дочека со овации и полна сала.
Теа Таировиќ е подготвена за еден од најголемите концерти во својата кариера – утре ќе настапи во Арена Загреб. Атмосферата во градот веќе ври, а нејзините фанови со нетрпение го очекуваат спектаклот.
Пејачката најави врвна продукција, сценографија и енергична кореографија која ќе ја остави публиката без здив. Билетите се речиси распродадени, што сведочи за нејзината популарност и во Хрватска.
Поврзани објави
На концертот се очекуваат и бројни познати лица од регионалната сцена, а медиумите веќе ја нарекоа „новата балканска кралица на настапите во живо“. Теа вети вечер што ќе се памети.
Настапот во Загреб е дел од нејзината голема турнеја низ Балканот, а по концертот, Таировиќ продолжува со уште неколку големи настапи до крајот на месецот.
Instagram printscreen/Tea Tairović