Ви откриваме како да носите гингам-дезен на 11 современи начини – од училишни здолништа и кожени јакни, до костуми и предимензионирани сакоа.
Заборавете на сè што сте мислеле дека знаете за гингамот – овој кариран дезен не е резервиран само за велигденски ручеци и пикници.
Иако изгледа нежно и романтично, гингамот има и свој остар, урбан потенцијал. Сè што ви е потребно се добар стил и доза самодоверба.
Во продолжение ви нудиме 11 современи начини да го носите гингам-дезенот – не само оваа пролет, туку преку целата година.
Како да носите гингам-дезен?
Машки кроеви со женствен допир
Погледнете во таткова гардероба или посетете продавница за винтиџ облека – предимензионираните гингам-кошули се совршени за балансирање меѓу женснтвен и андроген стил.
Инспирација од училишните униформи
Гингам изгледа одлично во комбинација со плисирани здолништа, широки блејзери и впечатливи хулахопки – како модерна верзија на училишниот двор.
Кожа + гингам = погодок
Додајте му острина на гингамот со кожена јакна и чизми со дебел ѓон.
Гингам + животински принт
Да, и тоа функционира! Комбинирајте го со зебра-дезен и дополнете со кожени аксесоари.
Координиран комплет во гингам
Горен и долен дел во ист дезен е најлесниот начин да изгледате дотерано без многу труд.
Скандинавски слоеви
Носете гингам-фустан врз фармерки и додајте пастелен мантил – совршен скандинавски изглед за преодните сезони.
Гингам + гингам
Слободно мешајте различни карирани дезени – тартан, гингам, глен чек – и комбинирајте со мрежести чорапи или моторџиска јакна.
Колор-блок гингам
Играјте си со контрастите – комбинирајте гингам во различни бои и големини на квадрати за силен визуелен ефект.
Предимензиониран гингам
Ако веќе сте го носеле гингам, освежете го со покрупен принт – широки панталони или сако се полн погодок.
Поврзани објави
Гингам со класичен мантил
За поелегантен изглед, комбинирајте гингам парче со беж мантил и мокасини – или додајте шмек со каубојски чизми и слоевит накит.
Гингам-костум
За софистициран зимски изглед, изберете гингам-костум со широки ногавици и дополнете со аксесоари од вештачко крзно.
Гингамот е класика со причина – приспособлив, впечатлив и секогаш во тренд. Оваа сезона го носиме од глава до петици, без правила и без страв.
Фото: Инстаграм