Почетна ЕкономијаСАД нуди финансиска помош за илегалните мигранти кои ќе се самодепортираат

САД нуди финансиска помош за илегалните мигранти кои ќе се самодепортираат

од nenad
1 минути читај за

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека на нелегалните доселеници кои доброволно ќе се вратат во својата земја ќе им исплати 1,000 долари, покрај трошоците за патување.

“Доколку тука сте нелегално, самодепортацијата е најдобриот, најбезбедниот и најисплатливиот начин да ги напуштите САД и да избегнете апсење.”

Министерството за внатрешна безбедност им овозможува на нелегалните имигранти асистенција со патните трошоци, како и финансиски поттик за враќање во нивната држава на потекло преку апликацијата „СиБиПи Хоум“ (CBP Home), изјави секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем.

Трамп за време на претседателската кампања вети масовно протерување на илегалните мигранти.

ми/фото: ЕПА.