Откако се прошири веста за женидбата на нејзиниот поранешен партнер, Тања Савиќ јавно се огласи.
Пејачката Тања Савиќ ја прекина тишината и се огласи на социјалните мрежи по информацијата дека нејзиниот поранешен партнер Немања Савиќ стапил во брак. Реакцијата на Тања веднаш го привлече вниманието на јавноста.
Таа објави фотографија со широка насмевка и порака:
Секој го добива она што го заслужува“, што многумина го протолкуваа како суптилна реакција на новите вести.
Следбениците веднаш почнаа да коментираат и да ѝ даваат поддршка.
Поврзани објави
Иако директно не го спомена поранешниот, јасно беше дека таа сака да испрати порака дека продолжува понатаму и дека не е погодена од развојот на настаните.
Животот продолжува, и јас сум среќна“, напиша подоцна во една од приказните.
Фановите ѝ честитаа на достоинственото држење и ѝ порачаа дека таа заслужува само најдобро. Очигледно е дека Тања го избра мирот, наместо драмата, и покажува дека е посилна од кога било.
printskrin Youtube-AmiG Show