Почетна ЕкономијаЕврокомисијата одобрува купување на 27 милиони вакцини против грип за 17 земји

Еврокомисијата одобрува купување на 27 милиони вакцини против грип за 17 земји

од nenad
1 минути читај за

Во склоп на заложбите за унапредување на подготвеноста на ЕУ за можна пандемија на инфлуенца, Европската комисија даде шанса на 17 држави членки да набават 27,403.200 дози вакцини против грип.

Оваа понуда е овозможена преку спогодбата постигната меѓу Дирекцијата на ЕУ за готовност и реакција при итни здравствени состојби и фармацевтската куќа „Секвирус“ за набавка на вакцини „Фоклива“, во случај Светската здравствена организација (СЗО) или Европската Унија официјално да објават пандемија на грип.

„Иако е тешко да се предвиди пандемија на грип, денешниот рамковен договор за заедничка набавка е дел од пошироката работа на Комисијата за зајакнување на подготвеноста и одговорот на ниво на ЕУ за заштита на здравјето на граѓаните“, се додава во соопштението на ЕК.

Договорот е склучен за период од 48 месеци, со можност за негово обновување во два наврати од по 12 месеци.

 

Извор: МИА