Почетна Технологијаприведени двајца возачи во кичевско – МАКТЕЛ

приведени двајца возачи во кичевско – МАКТЕЛ

од nenad
1 минути читај за

Двајца приведени Приведен 32-годишен маж од кичевско, кој бил фатен дека вози со 2,05 промили алкохол во крвта. На 26.04.2025 во 02.00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Х.Б.(32) од кичевското село Подвис. При сообраќајна контрола извршена на улица „Методија Стефаноски” во Кичево, било сопрено патничко моторно возило „фолксваген голф” со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека Х.Б. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,05 промили алкохол во крвта. Претходно, во 01.30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Г.Ј.(28) од Кичево, кој, при сообраќајна контрола на улицата „Борис Кидрич” во Кичево, бил затекнат при управување моторно возило „бмв” со 1,65 промили алкохол во крвта.