Почетна Убавина и здравјеГо открил двојниот живот на славната дама! – Убавина и здравје

Го открил двојниот живот на славната дама! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Денес Хилма аф Клинт се слави како визионерка и мајка на апстрактната уметност, жена пред своето време, но порано не било така

Летото 1986 година, еден пведски фармер во подрумот на напуштена селска куќа наишол на извонредно откритие – големи дрвени сандаци, покриени со прашина. Кога ги отворил, се шокирал! Имено, пронашол повеќе од 1200 слики со геометриски фигури и јаки бои.

Не му било јасно што открил, па го викнал соседот, кој исто така не знаел што да мисли за тоа. На почетокот мислеле дека сликите би можеле да бидал дел од театарска сценографија или нелегална роба. Дури кога го забележале потписот во аголот, каде што пишувало „Хилма аф Клинт“, сфатиле дека пронашле нешто значајно.

Тоа ги заинтересирало и му се обратиле на пријател кој работел во музеј. Набрзо дошле експерти за уметност и ги однеле сандаците на анализа. Она што го откриле било револуционерно!

Овие апстрактни дела исполнети со иновативни форми настанале многу пред уметниците како Кандински, Малјевич и Мондријано, кои биле заслужни за пионерската апстракција.

Родена во Стокхолм во 1862 година, Хилма аф Клинт пораснала опкружена со математика и уметност. Нејзиниот татко бил математичар, па нејзиното рано запознавање со геометриските форми и страста кон сликарството ја однеле до Шведската академија за ликовни уметности, каде што станала една од ретките жени кои биле примени.


Поврзани објави

Заработувала за живот сликајќи портрети и пејзажи, но ја фасцинирале научните откритија од тоа време, како рендгенските зраци и електромагнетните бранови. Овие сознанија ја навеле да верува дека постојат невидливи димензии надвор од тоа што може да го види човечкото око, што ја поттикнало да истражи како уметноста би можела да претстави повеќе од обичниот опиплив свет.

Предводена од длабока духовна љубопитност, Хилма ѝ се придружила на група жени кои се нарекувале „Петорка“ и заедно одржувале духовни сеанси, се занимавале со автоматско пишување и експериментирале со уметноста. Овие искуства ги инспирирале апстрактните слики на Хилма, која таа ги гледала како начин на канализирање пораки од други димензии.

Свесна дека светот не е подготвен за такви револуционерни дела, одлучила да живее двоен живот – продолжила да создава конвенционални портрети и пејзажи за да си го зачува угледот, додека тајно произведувала огромни количини на апстрактна уметност.

Своите дела ги чувала заклучени во кутии, со услов да не се отвораат до 20 години по нејзината смрт. За жал, нејзиниот внук, кој бил нејзиниот единствен наследник, починал пред да можат да бидат отворени кутиите, оставајќи го нејзиното револуционерно дело скриено со децении, додека случајно било откриено во 1986 година.