Почетна МакедонијаДиректорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска во придружба на професор Катерина Тодороска беше во официјална посета во општина Пустец

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска во придружба на професор Катерина Тодороска беше во официјална посета во општина Пустец

од nenad
1 минути читај за

На ден 21. 04. 2025 година, Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на Македонија, г-ѓа Оливера Трајковска во придружба на професор Катерина Тодороска беше во официјална посета во општина Пустец, Албанија и се запозна со актуелната состојба, горливите проблеми со кои се соочуваат Македонците, но, и со напредокот на оваа општина.

При посетата оствари средба со градоначалникот г-дин Пали Колефски, претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција г-дин Васил Стерјовски и отец Алексо Темелко.

Општина Пустец изобилува со ретка природна убавина како можност за развој на алтернативен туризам и голем број културни споменици и духовни светилишта.

Директорката Трајковска имаше можност да ги посети црквите “Св.Архангел Михаил”, “Св.Атанасиј Велики” и “Пресвета Богородица” – духовни светилишта кои со векови биле чувари на православната вера и македонскиот идентитет.

Исто така ја посети и црковната општина при црквата “Св. Архангел Михаил”, и им ја врачи донацијата од Македонската Православна Црква – Скопска епархија, вапцани и благословени велигденски јајца за радост на најмалите.

Општина Пустец е чувар на православната вера и македонскиот идентитет!