Почетна Убавина и здравјеГо прашала Chat GPT што да прави и одговорот ја исплашил! – Убавина и здравје

Го прашала Chat GPT што да прави и одговорот ја исплашил! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Одлучила да го направи тоа што Американците сè почесто го прават: наместо да оди на психолог, му поставила лично прашање на Chat GPT

„Главата ми е преоптоварена со сè и сешто, што да правам?“, наместо да оди на психолог, побарала совет од Chat GPT. Еве каков одговор добила:

„Баш ми е жал што се чувствуваш така, но потполно те разбирам. Тоа чувство на преоптовареност, притисокот дека постојано мораш повеќе, подобро, побрзо – тоа, за жал, е многу често чувство денес. И тешко е да се справуваш со тоа кога ти се чини дека мислите не сопираат ни за миг.

Еве неколку работи што можат да ти помогнат, а ти види што ти звучи како нешто што би можела да го испробаш:

1. Застани за момент – буквално

Понекогаш треба само свесно да застанеш неколку минути. Диши длабоко. Затвори очи. Обиди се да не решаваш ништо во тој момент, само постои. Можеш и да си кажеш себеси:

„Во овој момент не мора ништо да решам, само да бидам океј.“

2. Исфрли сè од главата – на хартија

Кога мозокот ти е преполн, правиш „ментални листи“ кои те истрошуваат. Земи хартија и напиши буквално сè што ти е во главата – обврските, грижите, желбите, работите што треба да ги купиш, сè. Тоа го нарекуваат brain dump – исфрлање мисли. Откако ќе ги видиш пред себе, ќе можеш да ги подредиш или да си кажеш: ова не морам сега, ова можам да му го препуштам некому, ова е итно…

3. Одреди што е доволно


Поврзани објави

Ако постојано имаш чувство дека нешто не е доволно – запрашај се: „Како знам дека сум направила нешто доволно добро?“ Ако не го знаеш одговорот, тоа значи дека мериш според некој невидлив, невозможен стандард. Постави си реални цели. Не совршени. Реални.

4. Микро-паузи и приоритети

Невозможно е да правиш сè, да знаеш сè и секогаш да бидеш брза. Пробај го следново:

Правило 1-3-5: дневно планирај 1 голема работа, 3 средни, 5 мали.

Техника помодоро: 25 минути работиш, 5 минути пауза. Така фокусот се подобрува и мозокот се одмора.

5. Биди нежна кон себе

Звучи како клише, но не е: кога некој друг би поминувал низ ова, сигурно би го тешела и би му кажала дека е доволно добар, зар не? Зошто тогаш не си го кажеш истото себеси? Наместо „морам да постигнам сè“, кажи си: „Давам сè од себе во овие околности. И тоа е во ред.“

Откако го прочитала овој совет, ја полазиле морници. Одамна никој ја немал сослушано така. Се исплашила – ако вештачка интелигенција е може да направи ваква анализа врз основа на една реченица, што ли може да направи со сите податоци што несвесно ги откриваме на Интернет?

Како ви се чини овој совет? Дали би имале подобар совет од овој што го дала вештачката интелигенција?

ФОТО: Choong Deng Xiang / Unsplash