Почетна ЕкономијаСТО ја намалува прогнозата за раст на трговијата за 2025 и предупредува на пад

СТО ја намалува прогнозата за раст на трговијата за 2025 и предупредува на пад

од nenad
1 минути читај за

Светската трговска организација (СТО) значително ја намали својата предвидување за глобалната трговија со стоки, проектирајќи пад од 0,2 проценти оваа година поради негативните последици од американските давачки.

Оваа прогноза претставува остар пресврт од порано проектираниот пораст од 3,0 проценти, додека организацијата алармира дека трговијата би можела да го доживее најголемиот пад од 2020 година, кога светот беше зафатен од пандемијата на коронавирусот.

СТО изјави дека новата проценка се темели на тековните трговски мерки, вклучително и високите давачки наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп за челик, автомобили и производи од Кина.

“Многу сум загрижена поради намалувањето на глобалната трговија со стоки. Овој пад има значителни импликации за поширок економски раст”, изјави генералната директорка на СТО, Нгози Оконџо-Ивеала, предупредувајќи дека трговската неизвесност може да влијае на глобалните финансиски пазари и економските сектори.

Според проценките, трговијата со стоки меѓу САД и Кина би можела да опадне за 81 отсто, а без исклучоци за одредени производи, падот би можел да достигне и до 91 проценти. “Доколку дојде до целосно раздвојување, тоа може да доведе до фрагментација на глобалната економија, намалувајќи го глобалниот БДП за седум отсто на долг рок”, предупреди Оконџо-Ивеала.

Иако трговијата со услуги не е директно погодена од давачките, СТО предвидува дека падот на трговијата со стоки може негативно да се одрази на секторите како што се транспортот, логистиката и туризмот. Трговијата со комерцијални услуги се очекува да забележи раст од четири проценти оваа година, под претходните проценки.

мс/фото: ЕПА. Извор: МИА