Почетна ЕкономијаПарламентот на Словачка го усвои законот за невладини организации

Парламентот на Словачка го усвои законот за невладини организации

од nenad
1 минути читај за

Словачкиот парламент денес донесе закон за кој противниците сметаат дека ќе биде погубен за голем број невладини организации.

Законот беше креиран од страна на членовите на владејачката коалиција, а беше ратификуван од владата на популистичкиот премиер Роберт Фицо, кој честопати ги критикува невладините организации, пренесе Бета.

Организаторите на демонстрациите во Братислава против законот тврдат дека предлог-законот е инспириран од рускиот закон, кој според нив “овозможува ликвидација на граѓанскиот сектор и претворање во криминалец на секој кој не е лојален на режимот”.

Владата изјави дека законот има за цел да обезбеди потранспарентно финансирање и работа на граѓанските здруженија.

Пратениците кои се приврзаници на Фицо направија одредени компромиси во последен момент, отстранувајќи одредени спорни делови од предлог-законот, вклучително и клаузула според која невладините организации ќе се сметаат за лобисти без да се даде прецизна дефиниција за тоа што претставува лобирање.

Во анализата на непрофитната организација „Виа Јурис“ се вели дека законот е спротивен на уставот, вклучително и правото на приватност, слободата на говор и правото на слободно здружување, како и правилата на Европската унија.

„Целта на законот е стигматизирање и ограничување на активностите на граѓанските групи“, се наведува во анализата.