На 12 април, во прекрасниот амбиент на Хотел Изгрев Spa & Aquapark, Фибула Травел успешно го организираше јубилејното издание на „Fibula Workshop 25“, еден од најголемите B2B туристички настани во регионот.
Настанот собра повеќе од 100 туристички агенции и над 50 хотелски групации и партнери од Турција, Египет и Грција, создавајќи уникатна можност за поврзување и планирање на успешната летна сезона која e пред нас.
Работилницата започна со едноминутен молк и емотивно видео посветено на групата Д.Н.К. и на сите кои трагично го загубија животот во трагедијата што се случи во Кочани. Моментот беше исполнет со тишина, длабока почит и искрена благодарност за нивното пријателство и траен спомен.
По воведниот говор, вниманието беше насочено кон спектакуларен дрон-перформанс, кој внесе динамика и симболично го претстави спојот на технологијата и патувањата. Дронот слета на сцената, по што следеше премиера на новото корпоративно видео на Фибула Травел, кое ги прикажа достигнувањата, вредностите и визијата на компанијата за иднината.
Потоа на сцената се обрати г-дин Асим Меџедовиќ, извршен директор и управител на Фибула Травел Македонија, кој во своето обраќање се заблагодари на присутните за долгогодишната соработка и ја истакна посветеноста на компанијата кон понатамошен развој и професионализам.
По говорот, започна церемонијата за доделување награди за најуспешните агенции и соработници. Во вториот дел од програмата беа доделени благодарници за хотелските партнери, а потоа следеа B2B состаноци, во кои учесниците имаа можност за директни деловни средби и нови партнерства.
Вечерната забава, под мотото „Party with the Stars“, понуди незаборавно искуство со музички настапи од познатите изведувачи Тамара Тодевска, Лина Пејовска, Kaan Mazhar и Бока Конга.
Забавата дополнително беше збогатена со атрактивни перформанси од RobbieRay LedRobot – робот изведувач, како и настап од латино пејачката Јасмин (jasminlopez_music), кои внесеа светска атмосфера и позитивна енергија.
Настанот кулминираше со Големата SUPERSTAR Лотарија, која донесе ексклузивни подароци и дополнителна возбуда за сите присутни.
Со „Fibula Workshop 25“, Фибула Травел уште еднаш потврди дека е лидер во туристичката индустрија и демонстрира дека партнерството, визијата и заедничката страст за патувања се .темелот на секој успешен почеток.