Почетна ТехнологијаАдминистрацијата на Трамп замрзна двe милијарди долари финансирање за Харвард откако универзитетот ги одби нивните барањата

Администрацијата на Трамп замрзна двe милијарди долари финансирање за Харвард откако универзитетот ги одби нивните барањата

од nenad
1 минути читај за

Ова е првиот голем американски универзитет што отворено се спротивставува на притисокот од администрацијата на Трамп да ги промени своите политики. Администрацијата на Трамп соопшти дека замрзнува повеќе од 2 милијарди долари федерални средства за Универзитетот Харвард, само неколку часа откако елитниот колеџ ги одби барањата од Белата куќа, пренесува Би-Би-Си. Минатата недела Белата куќа испрати список со барања до Харвард, за кои рече дека се со цел борба против антисемитизмот на кампусот. Барањата вклучуваа промени во управувањето, практиките за вработување и процедурите за прием. Од Харвард ги одбија барањата и соопштија дека Белата куќа се обидува да ја „контролира“ нивната заедница.