Рада, Милица, Сара и Николина докажуваат дека убавината не мора да биде од пластика
Додека естетската хирургија станува сè попопуларна меѓу јавните личности, неколку дами од естрадата гордо се истакнуваат со својот природен изглед. Рада Манојловиќ, на пример, никогаш не направила ниту една естетска интервенција, иако медиумите често ја советувале да ги зголеми градите или да го промени носот.
Ако нешто променам – тоа веќе нема да бидам јас“, искрено изјави таа.
И пејачката Милица Тодоровиќ е горда на своите природни облини.
Моите гради се мали, но ги сакам токму такви. Да имав потреба, досега ќе ставев силикони“, објасни со насмевка.
Нејзината имењакиња, Милица Павловиќ, исто така не подлегнала на трендовите, иако вели дека нема ништо против естетските зафати.
Поврзани објави
Сакам природен изглед и свежина во лицето“, додаде Павловиќ, одговарајќи на коментари дека изгледа поинаку од почетоците на својата кариера.
Сличен став има и Сара Јовановиќ – Сара Јо, која тврди дека сè на неа е природно, вклучувајќи ја и познатата задница, и покрај тоа што не е против хируршки интервенции.
Николина Ковач, која важи за една од најзгодните пејачки, истакнува дека за нејзиниот изглед се заслужни генетиката и редовното вежбање.
Дали дојде време да ни биде непријатно што сме природни?“ – прашува таа, апелирајќи за промоција на автентичната убавина.
Овие дами испраќаат моќна порака: природноста е избор, гордост и стил кој никогаш не излегува од мода.
printskrin Youtube-FullScreen Media