Почетна ЕкономијаМинистерот за комуникации на Бразил поднесе оставка поради обвинувања за корупција

Министерот за комуникации на Бразил поднесе оставка поради обвинувања за корупција

од nenad
1 минути читај за

Бразилскиот министер за комуникации, Жозе Фиљо, ја напушти функцијата откако државното правобранителство покрена обвиненија против него за злоупотреба на јавни пари за време на неговиот претходен ангажман како пратеник, пренесоа шпанските медиуми.

Во јавното писмо објавено од неговата партија Унија Бразил, Фиљо истакна дека неговото повлекување претставува „гест на почит кон владата и бразилскиот народ“ и ги отфрли изнесените тврдења.

Претходно, Јавното обвинителство ги достави обвиненијата против Фиљо до Врховниот суд, кој сега ќе треба да одлучи дали ќе ги прифати истите.

Фиљо беше дел од кабинетот на претседателот Лула да Силва од 1 јануари.

Ова не е прв случај на истрага во која е вклучен Хозе Фиљо, бидејќи тој веќе беше повикан да сведочи пред Претседателската комисија за етика поради сомневања за несоодветно користење на владини авиони.

Министерот исто така е предмет на истрага од страна на Врховниот изборен суд заради наводно презентирање на неточни информации за неговиот имот за време на изборната кампања во 2022 година, кога обезбеди нов мандат во Долниот дом на парламентот.

мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА