Почетна Убавина и здравјеОдговорот на пејачот е лекција што сите би требало да ја научат – Убавина и здравје

Одговорот на пејачот е лекција што сите би требало да ја научат – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Во едно интервју на радио, пејачот признал дека синовите го прашале дали биле во неговиот стомак, а еве што им одговорил

Пејачот Рики Мартин и неговиот поранешен сопруг Џван Џозеф заедно се грижат за нивните четири деца, најстарите близнаци Матео и Валентина, ќерката Лусија и најмладиот син Рено.

Пејачот секогаш бил отворен кога зборувал за својата љубов кон децата. Така, пред да се роди неговиот најмал син, за време на хуманитарна вечера се качил на бината и кажал:

„Меѓу другото, сакам да објавам дека сме бремени. Очекуваме дете“.

А по аплаузот на гостите додал дека отсекогаш сакал големо семејство.

Матео и Валентина ги родила сурогат-мајка во август 2008 година, а Мартин направил пауза во кариерата за да им се посвети.


Поврзани објави

Во едно интервју на радио признал дека еден од синовите го прашал дали бил во неговиот стомак.

„Беше во моето срце и сè уште си во моето срце“, вака му одговорил пејачот.

„Потоа продолжив да му објаснувам, бидејќи не можев само да го прекинам разговорот, дека постои жена што ја обожавам и која ми помогнала да го донесам на овој свет. Дека ми го позајмила нејзиниот стомак за да се роди, а кога се родил, сум го зел во прегратка. Тој ми одговори: ‘Океј’ и продолжи да си игра“, открил Мартин.

Во интервју за магазинот Out открил што им кажал на своите синови кога го прашале зошто имаат двајца татковци.

„Многу луѓе ми замеруваат поради тоа што моите деца завршуваат на насловните страници, а јас им велам дека тоа е така затоа што сакам да ја нормализирам нашата ситуација. Сакам луѓето да го погледнат моето семејство и да си помислат дека тука нема ништо лошо. Децата ме прашуваат зошто имаат двајца татковци, а јас им велам дека ние сме модерно семејство. Тоа е прекрасно чувство на слобода“, рекол тој.

ФОТО: Инстаграм