Ќерката на Жељко Ражнатовиќ, Аркан, која ја имал преку врска со социјална работничка, успеала да направи само една фотографија со нејзиниот татко, а тоа е највредното сеќавање кое го има од него.
Софија Ван Потелсберхе е родена од љубовта на Жељко Ражнатовиќ Аркан и социјална работничка која се грижел за него додека бил во белгиски затвор. Софија го запознала својот татко дури кога наполнила 15 години, а тој бил убиен пет години подоцна.
Не успеаја да направат многу спомени заедно, но неговата фотографија во нејзините раце е најскапоценото нешто што таа го има.
Оние кои ја познаваат тврдат дека од Аркан наследила силна личност, храброст и истрајност. Во петте години поминати заедно се виделе само неколку пати, но времето поминато со нејзиниот татко многу позитивно се одразило на Софија, па сето тоа го преточила во книгата што ја објавила на холандски „Ќерката на Аркан“, а наскоро планира да ја пушти и на српскиот пазар.
Поврзани објави
ФОТОГРАФИЈАТА МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ
Здраво Софија, тоа е твојот татко“, вели длабок глас од другата страна на линијата. Софи има 15 години кога повик и го потресува животот. Во летото 1995 година, една девојка од Белгија патува со својата мајка за да го запознае Жељко Ражнатовиќ Аркан. Ова е почеток на неверојатен двоен живот за тинејџер вклучен во сложена ситуација во Југославија во 1990-тите. Пет години по нивната прва средба, Аркан е убиен, а Софија го губи својот татко. Ќерката на Аркан е приказна за една млада жена и нејзината необична потрага по идентитет“, е извадок од книгата „Ќерката на Аркан“.
printskrin Youtube-Svetlana Ceca Raznatovic