Почетна Убавина и здравјеВеќе не е тајна! Со помош на ова Ана Николиќ ослабе 50 килограми!

Веќе не е тајна! Со помош на ова Ана Николиќ ослабе 50 килограми!

од nenad
1 минути читај за



Ана Николиќ во последните недели беше доста активна во јавноста, а овој пат сите зборуваат за нејзиниот изглед.

Кога по разводот се нашла во тешка психолошка состојба, Ана Николиќ утеха нашла во емотивното прејадување. Единствената светла точка која ја мотивирала да го земе своето здравје во свои раце и да ги изгуби вишокот килограми била нејзината ќерка Тара.

Пејачката со специфичен режим на исхрана и редовни тренинзи успеа да ослабе речиси педесет килограми и да ја врати девојката на која многумина и завидуваа во 2000-тите.

Најважно е внесот на течности. Имам моја утринска рутина. Штом станам пијам две чаши вода. Некогаш со лимон, некогаш без. После тоа следува појадок, обично пржено јајце со домати или некој друг зеленчук. Понекогаш можеби само свежа салата или житарици. За ручек јадам бело месо или риба со варен зеленчук. Ги исклучив јаглехидратите, се придржувам до внесот на калории од 1.000 kcal до 1.200 kcal“ – вели Ана Николиќ.


Поврзани објави

Открива и дека целосно исфрлила одредени намирници од исхраната:

Целосно се откажав од слатките. И месото, освен рибата. Ако навистина имам пад на шеќер, јадам една лажица Нутела и замислувам дека сум ја изела целата тегла. Губењето на вишокот килограми е прашање на психата. Првиот месец е тежок, но се навикнувате“.

За потсетување, таа беше во брак со својот колега Стефан Ѓуриќ Расто, на кого ја роди ќерката Тара.

printskrin Youtube/HYPE TV