Почетна Убавина и здравјеТројца поранешни градоначалници на Кочани приведени во истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“

Тројца поранешни градоначалници на Кочани приведени во истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“

од nenad
1 минути читај за



Акцијата за приведување на осомничените ќе продолжи во текот на ноќта, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на акцијата утре

Попладнево, по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, беа приведени тројца поранешни градоначалници на Општина Кочани: Николчо Илиев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов. Оваа акција е дел од истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој животот го загубија 59 лица.

Според неофицијални информации, приведувањето на поранешните градоначалници е поврзано со сомневања за нивна инволвираност или пропусти во врска со функционирањето на дискотеката „Пулс“. Акцијата за приведување на осомничените ќе продолжи во текот на ноќта, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на акцијата утре.

Љупчо Папазов, кој е градоначалник во оставка, се повлече од функцијата по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Ратко Димитровски ја раководеше општината во периодот од 2009 до 2017 година, а негов наследник беше Николчо Илиев, кој ја извршуваше функцијата од 2017 до 2021 година.


Поврзани објави

Ова приведување е дел од пошироката истрага за утврдување на одговорноста за пожарот во дискотеката „Пулс“. Претходно, на 18 март, беше одреден краткотраен притвор од 48 часа за 16 лица, меѓу кои и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.

Надлежните институции продолжуваат со истрагата за да се утврдат сите околности и одговорности поврзани со оваа трагедија.

Фото: принтскрин социјални мрежи и Јутјуб