10
Во Основното општинско училиште во Велес денеска во 10 часот било пријавено дека малолетен ученик во училиштето врзал со лисици негов соученик и му вперил пластичен пиштол. Според полицијата, веднаш е излезено на терен и од малолетникот бил одземен пиштолот, по што бил предаден на полициски службеници. „За настанот бил известен јавен обвинител, Центарот за социјални работи Велес и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Пиштолот е испратен на вештачење и се чекаат резултатите од постапката“, информираат од СВР Велес.