Почетна ЕкономијаСибиха: Украина почна да формира национален тим кој ќе врши контрола долж линијата на фронтот во случај на примирје со Русија

Сибиха: Украина почна да формира национален тим кој ќе врши контрола долж линијата на фронтот во случај на примирје со Русија

од nenad
1 минути читај за

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска изјави дека Украина почнала да формира национален тим кој ќе врши контрола долж линијата на фронтот во случај на примирје со Русија, а чија главна цел е да развие начини за борба против руските провокации во текот на евентуалниот прекин на огнот.

Како што наведе Сибиха, украинскиот преговарачки тим, веднаш по враќањето од разговорите со САД во Џеда, му пријавил на украинскиот претседател Володимир Зеленски за резултатите од средбата со американската страна, со соодветни предлози за ситуацијата, пренесува Укринформ.

„Веќе почнавме да формираме национален тим кој ќе развие соодветни алгоритми на дејствување за правилна контрола на евентуалниот прекин на огнот. Ова е исклучително сложен процес“, нагласи Сибиха.

рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА