85
Во Брисел попладнево започна рундата на преговори меѓу Белград и Приштина. Делегацијата на Приштина беше предводена од премиерот на Косово, Албин Курти и неговиот заменик и главен преговарач Бесник Бислими. На средбата беа присутни и европскиот комесар за надворешна политика, Жозеп Борел, специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Целта на преговорите е да се постигне постигне стабилен и долгорочен мир во регионот.