Сопственикот на компанијата за транспорт ATG Truckload, беше пронајден мртов, а просториите на неговата компанија беа запалени во средата попладне во Крествуд. Полицијата го идентификувала 48-годишниот Дане Котески како жртва, додека осомничениот, возач кој работел кај него, бил уапсен на 145 милји од местото на злосторството.
Полицијата и пожарникарите на Крествуд пристигнале на лице место нешто по 16 часот, кога добиле повик за појава на густ чад. По пристигнувањето го пронашле безживотното тело на сопственикот на фирмата на вториот кат од зградата.
Инспекторите собрале докази кои ги довеле до осомничениот – возач кој работел кај убиениот Котески. Полицијата го окарактеризира злосторството како изолиран инцидент, насочен исклучиво кон жртвата.
Истрагата продолжува додека полицијата на Крествуд и канцеларијата на окружниот обвинител работат на екстрадиција на осомничениот назад во Илиноис. Официјалната причина за смртта ќе биде позната по обдукцијата, чии резултати се очекуваат во наредните денови.
Во меѓувреме, започна хуманитарна кампања за помош на семејството на починатиот Дане Котески преку платформата GoFundMe. Секој што сака да го поддржи неговото семејство може да донира средства.
(Serbian Times)