Таа ги дели женетите мажи во три категории и открива зошто се одлучуваат на прељуба, но им дава и неколку совети на сите жени.
Поранешната ескорт-дама по име Саманта Икс работела во оваа индустрија шест години и запознала различни типови мажи.
Од своето искуство, таа тврди дека мажите што се решени да ја изневерат својата партнерка, ќе го прават тоа без разлика на околностите и секогаш ќе најдат време за оваа форма на забава, без разлика дали имаат напорен работен распоред или семејни обврски.
И дали е тоа нешто што веќе не го знаеме?
Таа ги предупреди сите жени дека, без разлика колку бракот им изгледа силен, а семејниот живот дома совршен, мажите сепак сакаат да изневеруваат, и тоа во големи проценти, толку многу што придонесуваат за одржување на индустријата за ескорт.
Врз основа на нејзиното искуство со женетите мажи, таа ги дели нивните причини за изневерување во три категории.
Прва категорија
Поврзани објави
Во првата категорија, според неа, спаѓаат мажи кои имаат ниско ниво на интимност со своите сопруги, понекогаш поминуваат децении без секс и се чувствуваат како „шетачка кредитна картичка“, но не сакаат да ја напуштат затоа што не сакаат да губат пари или да ги повредат своите деца.
Втора категорија
Во оваа група се мажите што инсистираат дека ги сакаат своите жени, но признаваат дека само им треба промена.
Трета категорија
Третата и последна категорија на Саманта ги вклучува оние мажи кои таа ги нарекува „најкомплицирани“ – среќно оженети мажи, кои се чини дека немаат причина да вршат прељуба.
Додека мажите велат дека не сакаат да ги повредат своите партнерки и да си го уништат бракот, Саманта вели дека мисли дека нивните сопруги често знаат дека се изневерени, но замижуваат за да не мора да се соочат со нов почеток.