Поп-ѕвездата откри детали од своето школско време – од настапи на ТВ до солзавец во училиште
Јелена Карлеуша, една од најголемите балкански ѕвезди, во емотивна исповед откри дека нејзиниот пат до славата не бил ни малку лесен. Иако веќе во средно училиште била препознатливо лице и гостувала во најгледаните емисии во тогашна Југославија, тоа не ѝ го олеснило секојдневието во училиштето. Напротив, таа се соочила со булинг и навреди од своите врсници.
Навечер пеев во најгледаната емисија во Југославија, а утредента одев на училиште како и сите други. Но, од самиот влез во дворот почнуваше пеколот – навреди, потсмев, омаловажувања“, раскажа Карлеуша.
Таа призна дека и основното и средното образование за неа биле вистинска борба со злобата и љубомората на околината.
Поврзани објави
Еден од најтешките моменти кои ги доживеала била ситуацијата кога нејзина соученичка физички ја нападнала и ја испрскала со солзавец. Тој инцидент оставил длабока трага кај младата Јелена, но во исто време ѝ дал дополнителна сила да истрае и да го изгради имиџот на борбена жена каква што е денес.
И покрај сите препреки, Карлеуша не дозволила булингот да ја скрши, туку го искористила како мотивација за да успее. Денес, таа е не само музичка ѕвезда, туку и симбол за женска сила и борба против неправдата, постојано охрабрувајќи ги младите да не молчат и да се борат за своето место под сонцето.
Фото: printskrin Youtube/ LAZAROV