Дарко Лазиќ сега првпат проговори за медиумите, по признанието на Лукас дека бил интимен со поранешната сопруга на пејачот, Ана Севиќ.
Пејачот Аца Лукас во една емисија призна дека бил со колешката Ана Севиќ, пред да се омажи за Дарко Лазиќ, но и подоцна, кога Вуксановиќ требаше да се разведе од Соња.
Набргу потоа во медиумите се појави информација дека Лукас и Ана биле вмешани во афера додека таа била во брак со Лазиќ.
Поврзани објави
Сега и самиот Дарко се огласи за медиумите, но не беше расположен да ја коментира аферата за која се зборува и пишува со денови.
Не сакам да навлегувам во тоа, не е мое да се мешам, не сакам да коментирам ништо за тоа. Искрено, не ми е гајле, можеби не требаше да каже такво нешто, искрено, не е во ред. Ана има семејство, но тоа е негова работа, тоа е Аца Лукас“ – заклучил тој.
Фото: printskrin Youtube/ Blic