Почетна Убавина и здравјеА дали знаете како правилно да го нанесете? – Убавина и здравје

А дали знаете како правилно да го нанесете? – Убавина и здравје

од nenad
4 минути читај за

Како и козметичките препарати, така и парфемот мора правилно да го употребувате за да го постигнете вистинскиот ефект. Многу е важно на кој дел од телото го нанесувате, на кој начин, па дури и во кое годишно време. Еве неколку корисни совети како правилно да нанесете парфем и што подолго да го сочувате неговиот мирис:

1. Немојте да го нанесувате мирисот со прсти директно од шишенце. Маснотиите од вашата кожа ќе навлезат во шишенцето и така ќе ја променат нотата на мирисот. Употребувајте мириси со распрскувач.

2. Мирисот нанесувајте го глуждовите па нагоре. Запомнете дека мирисот секогаш се крева нагоре! Исто така, имајте го на ум златното правило на парфемот: нанесувајте го многу штедливо.

3. Ако сакате да ви мириса целото тело, нанесете го парфемот на местата каде што најмногу се чувствува пулсот. На вратот, зглобовите, зад колената и на внатрешната страна на бутовите.

4. Внимавајте парфемот да не дојде во допир со облеката и имајте на ум дека може да остави дамки на некои чувствителни материјали, особено на свила. Затоа, најдобро е да го нанесете мирисот пред да се облечете.

5. Немојте да купувате парфем само затоа што добро мириса на вашата пријателка, бидејќи истиот тој парфем може лошо да ви стои вам. Затоа, пред да го купите, задолжително пробајте го на рака.

6. И годишното време влијае врз парфемот. Појаките и потешки мириси се посоодветни за зима, а полесните, цветни ноти за жешките, летни денови.

7. Кога купувате парфем, обидете се да не тестирате повеќе од три различни одеднаш, бидејќи вашиот нос нема да ги разликува. Помешаните парфеми може само да ве наведат да го купите оној што воопшто не ви одговара.

8. Заштитете го парфемот од светлина и топлина за да му ја продолжите мирисната арома. Повеќе ќе му одговара тоалетната масичка во оладена спална соба, отколку полицата пред огледало во бањата.

За да ви трае мирисот подолго:
  • За миризлива коса, напрскајте ја четката за коса со парфем, па провлечете ја низ косата неколку пати.
  • Експертите велат дека парфемот ќе трае подолго ако се нанесе на влажна кожа. Ставете го парфемот веднаш по туширање.
  • Кога нанесувате парфем на рачните зглобови, никогаш не ги тријте еден од друг. Така само ќе го промените мирисот.

Доколку сакате да оставите незаборавна трага, важно е да одберете парфем што зрачи со софистицираност, убавина и сила, а во продолжение ви предлагаме два парфема за неа и за него, кои се одликуваат со безвременски мирис и постојана долготрајност.

Michael Kors Pour Femme EDP

Michael Kors Pour Femme е цветен, дрвенест и мошусен мирис кој зрачи со софистицираност, убавина и сила.

Парфемот е врвен израз на модерната елеганција и безвременски луксуз. Овој софистициран и женствен мирис ги комбинира цветните и дрвените ноти во совршена рамнотежа, создавајќи заводлив и префинет мирис. Свежите и светли горни ноти се комбинирани со богата цветна срцевина, кои изразуваат нежна убавина. Топлата основа пак дава длабочина и сензуалност, што го прави овој мирис неодолив. Michael Kors Pour Femme е дизајниран за модерната, самоуверена жена која сака луксуз и безвременски стил. Печатот на елеганција и траен шарм го прави совршен за секоја пригода, од утро до вечер.


Поврзани објави

Горни ноти: мандарина, зрна розова пиперка, црна рибизла

Средни ноти: јасмин, роза

Основни ноти: ванила, мошус, листови од пачули

Впечатливиот и уникатен дизајн на шишенцата за Michael Kors Pour Femme и Pour Homme е инспириран од синџирот како мотив, кој е клучен за дизајнерската естетика на Michael Kors.

Овој мотив, кој често се користи за накит, облека и неговите иконски чанти, претставува луксуз, модерен гламур и графичка елеганција. За дизајнерот, синџирот е моќен моден симбол, кој комбинира рафинираност и индивидуалност.

Michael Kors Pour Homme EDP

Michael Kors Pour Homme Eau de Parfum е софистициран и модерен машки мирис, дизајниран за маж кој комбинира безвременска елеганција со допир на современа смелост. Овој парфем се отвора со свежа и зачинета експлозија на бергамот, ѕвезда анасон и црн пипер, кои веднаш го привлекуваат вниманието. Во срцето, ароматичните ноти на жалфија и темјан додаваат длабочина и мистерија, создавајќи совршена хармонија со топлата и дрвенеста основа од пачули, сандалово дрво и дрво од кашмир. Michael Kors Pour Homme е суштината на модерната мажественост, идеален за мажот кој сака да се истакнува со префинет, но одлучен стил.

Впечатливиот и уникатен дизајн на шишенцата за Michael Kors Pour Femme и Pour Homme е инспириран од синџирот како мотив, кој е клучен за дизајнерската естетика на Michael Kors.

Овој мотив, кој често се користи за накит, облека и неговите иконски чанти, претставува луксуз, модерен гламур и графичка елеганција. За дизајнерот, синџирот е моќен моден симбол, кој комбинира рафинираност и индивидуалност.

Следете го нашиот инстаграм-профил ubavinaizdravje.mk за да дознаете кои се годинешните ѕвезди на убавината и гласајте за вашите фаворити на објавите на story!

ФОТО: Karolina Grabowska / Pixabay, ПР