Доктор Алксандар Шишонин основал клиника во Русија која се занимава со лекување хипертензија, и тоа преку сет вежби
Хипертензија или покачен крвен притисок е една од најчестите болести на денешницата. Според некои податоци на СЗО, во последниве 30 години бројот на луѓе со хипертензија се има зголемено од 650 милиони на 1,3 милијарди луѓе.
Како последица на хипертензијата, може да дојде до срцев и мозочен удар, што честопати завршува фатално.
Рускиот доктор Александар Шишонин е многу познат лекар кој има смислено иновативни методи на лекување хипертензија.
„Денес, хипертензија сè почесто се дијагностицира кај пациенти на возраст од 18 до 44 години. Причината за тоа е едноставна: начинот на живот на помладите почнува да личи на животниот стил на постарите. Кои фактори придонесуваат за развој на хипертензија? Седентарниот начин на живот, прекумерната консумација на сол и јаглехидрати и нарушувањата на циркадијалниот ритам. Сето тоа некогаш важело за постарите луѓе. Сега, паметните телефони се виновниците за имобилизацијата, а брзата храна и бессоните ноќи се директна асоцијација за модерните тинејџери“, раскажал доктор Шишонин.
Докторот открил дека вообичаено се разликуваат два типа хипертензија – симптоматична и есенцијална.
Симптоматичната настанува како последица на некоја болест, како тумор на надбубрежната жлезда. Кога болеста ќе се открие и излечи, исчезнува и самата хипертензија.
Есенцијалната хипертензија се појавува без некои патологии во телото. Единствено може да се излечи со терапија со лекови.
Поврзани објави
Докторот објаснил зошто се појавува есенцијална хипертензија:
„Главни фактори се физичката неактивност, преоптовареноста, стресот, вишокот килограми… Ситуацијата ја влошуваат пушењето цигари и злоупотребата на алкохол. Но примарната причина е нарушениот трофизам на ткивата (исхраната). Се појавуваат проблеми со снабдувањето со крв и телото мора да го покачи крвниот притисок. Од таа причина, убеден сум дека хипертензијата не е болест, туку симптом. Општа неспецифична реакција на телото – исто како покачената температура.“
Доктор Шишонин открил дека лековите само ја држат хипертензијата под контрола, но тие не ја решаваат вистинската причина, односно болеста што го оптоварува телото.
Еве кои методи на лечење ги препорачува тој:
„Главната причина за појава на хипертензија е недоволното снабдување на мозочното стебло со кислород, кое е одговорно за автоматското функционирање на срцето. На крајот на краиштата, мозокот е главниот потрошувач на кислород во телото. Кога тој гладува, ја отежнува работата на срцето и ги притиска капиларите, со што се зголемува притисокот во системот и се жртвува периферијата која се снабдува преку капиларите, како што е видот, потенцијата. Тоа задржува течност во телото, спречувајќи ја да се отстрани преку бубрезите и претерано ги возбудува невроните на срцевиот мускул, а сето тоа поради хроничниот недостаток на кислород.
Кога ќе се утврди вистинскиот проблем на пациентот, му даваме сет вежби. Ако пациентот се придржува до нашите препораки, тогаш хипертензијата нема да му се врати. Нашето 20-годишно искуство го потврдува тоа“, заклучил доктор Шишонин.
Во продолжение погледнете ги вежбите што доктор Шишонин ги применува во својата клиника…
ФОТО: tomwieden / Pixabay