Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша, кој со години беше еден од најпопуларните и најследените на Балканот, наеднаш беше затворен.
Профилот на Јелена Карлеуша денеска е избришан од Инстаграм. Сепак, не е познато дали нејзиниот профил бил деактивиран или пак го деактивирала поради многуте напади и судири кои ги имала во последно време.
Краен рок за враќање на профилот!
Според правилата на Мета и Инстаграм, профилот може привремено да се деактивира до 30 дена. Доколку не се врати во тој рок, профилот, заедно со сите следбеници, фотографии и други содржини, трајно ќе бидат избришани.
Јелена Карлеуша се уште не се огласила на оваа тема.
Поврзани објави
Инаку, на Инстаграм ја следеа повеќе од 2,4 милиони луѓе и беше една од најследените Инстаграм профили од Балканот.
Фото: printskrin Youtube/ FullScreen Media
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: