Почетна ЕкономијаСДС да сфати дека доби црвен картон и дека политичка партија не може да си игра суд – МАКТЕЛ

СДС да сфати дека доби црвен картон и дека политичка партија не може да си игра суд – МАКТЕЛ

од nenad
1 минути читај за

СДС се доказ дека има подолу и од дното! СДС додека беше на власт  во модуларната болница во Тетово изгоре живи 14 лица, во несреќата со автобус поради неорганизиран здравствен систем загинаа 16 лица, в време на корона животот го загубија скори 10 илјади лица. Кога станува збор за сообраќајни несреќи на листата и нема крај ако ги сметаме нивните симпатизери, секако и функционери.

За нивниот заменик министер за култура Владимир Лазовски кој предизвика сообраќајна несреќа тогашниот министер за внатрешни молчеше половина месец, а за одговорност да не зборуваме бидејќи во СДС не знаат што е тоа! СДС да се погледне себе си, да размисли за црвениот картон о изборите минатата година затоа што очигледно не ја сфатиле пораката од народот и да прекине да изигрува суд, да бара оставки од народни избраници. Секој, па и тие одговараат според закон, а не според нивната волја.