Почетна МакедонијаШестмина повредени меѓу кои и две деца во сообраќајка во Виничко

Шестмина повредени меѓу кои и две деца во сообраќајка во Виничко

од nenad
1 минути читај за




Шест лица се повредени меѓу кои и две деца во сообраќајна несреќа која се случила вчеравечер на патот Виница-Смојмирово.

„Вчера во 20.41 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на регионалниот пат Виница – с.Смојмирово, во близина на место викано „Пекланска крстосница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат алтеа“ со беровски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(49) од с.Црник, пехчевско и патничко возило „сузуки гранд витара“ со винички регистарски ознаки, управувано од Л.А.(53) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Л.А., а со телесни повреди се здобиле возачот С.Р. и неговите сопатници Ќ.У.(23), Ј.Г.(45) и двајца малолетници, сите од с.Црник, пехчевско, констатирани во Општата болница Кочани“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.