Почетна Убавина и здравјеСите занемеа кога Никол ја „отвори устата“ (ФОТО/ВИДЕО) – Убавина и здравје

Сите занемеа кога Никол ја „отвори устата“ (ФОТО/ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Никол Шерцингер повторно ги воодушеви модните познавачи со црната креација која го „бакнува“ телото, а корисниците на социјалните мрежи со своите вокални способности.

Пејачката и актерка Никол Шерцингер неодамна на својот официјален инстаграм-профил објави компилација од атрактивни фотографии и видеа.

Никол гостуваше во телевизиското шоу The Late Show, чиј водител е Стивен Колбер, каде што зборуваше за нејзината сценска улога како Норма Дезмонд во познатиот мјузикл Sunset Boulevard.

Пејачката во еден сегмент од шоуто во живо ја отпеа и песната „Како никогаш да не се збогувавме“ од споменатиот мјузикл, а токму настапот и нејзините вокални способности ја воодушевија јавноста.

Каков неверојатен глас“, „Ти си совршена“, „Те сакам уште повеќе по овој настап“, беа само дел од коментарите…


Поврзани објави

Инаку, Никол, која често носи провокативни комбинации, за оваа пригода облече чиста елеганција, поточно, безвременска црна креација што го гушка телото.

Својот стајлинг го заокружи со гломазен златен ѓердан и обетки, а косата ја обликуваше на ретро-начин, односно, се одлучи за висока пунџа со слабо свиткана коса во предниот дел на главата.

Фото и видео: Инстаграм